Рекација од Музеј на ВМРО: Меѓу првите во регионот ги покажавме и левите и десните струења

by fokus

Целокупната концепција на Музејот на народната борба е направена врз основа на 70 годишните научни сознанија на македонската историска наука. На неа работеа истакнати и докажани специјалисти од областа на историјата, музеологијата, архитектурата и сценографијата, велат од Музејот во реакција за изјави кажани на дебатната емисија на телвизијата „24вести“.

Од таму велат дека Музејот на ВМРО е меѓу првите во регионот кој ги прикажал и левите и десните политички струења.

„Внатрешниот и надворешниот фактор, победите и поразите, хероите и антихероите, концепциите за независност и концепциите за приклучување на Македонија кон некоја од соседните држави“, набројуваат од таму.

Меѓу 153 восочни фигури на личности кои играле одредена улога во судбината на Македонија, велат дека се нашле претставници на сите националности.

„Како и крупни политички фигури од регионот и светот. Како најсветла точка во музејската поставка се прикажува одделението за АСНОМ. За таквата концепција Музејот на македонската борба се стекна со врвни признанија од европската музеолошка фела“, додаваат од таму.

Инаку, Музејот ќе подлежи на ревизија во Министерството за култура од каде велат дека ќе се преиспитува потребата од постење на национална установа со таква музејска поставка. Од таму возможно е да дојде до пренамена на музејот, или на самата зграда.

Во врска со изградбата на овој објект се води и судски процес против екс министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, по предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Во овој судски процес прислушуваните разговори ќе се користат како доказ против Канческа-Милевска, како што одлучи вчера Апелациониот суд.

 

Поврзани новости