Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани

by irena 14:11
14:11

Шеесет и петгодишен велосипедист од Кочани го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Кочани – Брана Гратче, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, несреќата се случила на 20 јули околу 15:30 часот, при судир меѓу патничко возило „Шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот И.Б. од Кочани, и велосипед управуван од Д.Ѓ. (65) од Кочани.

Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кочани.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Слични вести