Индиската претседателка ни подари биста на Ганди и најави соработка во традиционалната медицина

by irena 14:27
14:27

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму, која престојува во првата официјална посета на шеф на индиската држава на Македонија.

На заедничката прес-конференција, Сиљановска-Давкова истакна дека Македонија гледа голем потенцијал за продлабочување на политичката и економската соработка со Индија, особено во трговијата, инвестициите, образованието, науката, туризмот и дигиталната трансформација. Таа потсети и на историските врски меѓу двете земји преку Движењето на неврзаните, како и на заедничкото наследство на Света Мајка Тереза.

Од своја страна, претседателката Мурму најави поголема соработка во повеќе области, меѓу кои вештачката интелигенција, туризмот, фармацијата, земјоделството, преработката на храна и аудиовизуелните уметности, со цел зголемување на билатералната трговија. Таа ги претстави и трите глобални иницијативи на Индија, поврзани со соларната енергија, биогоривата и промоцијата на традиционалната медицина, на кои Македонија најави дека ќе им се приклучи.

Во рамки на посетата, Мурму најави и подарок од индискиот народ за македонските граѓани – биста на Махатма Ганди, која свечено ќе биде поставена за време на нејзиниот престој во земјава како симбол на пријателството меѓу двете држави.

Слични вести