Велосипедист тешко повредил 10-годишно дете во Крива Паланка

by fokus

Десетгодишно дете од Кирва Паланка било тешко повредено, откако велосипедист удрил во него во текот на вчерашниот ден.

„Вчера во 15 часот на улица „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, С.А.(24) од Крива Паланка управувајќи велосипед удрил во 10-годишно дете од Крива Паланка. Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Крива Паланка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка“, велат од МВР.

Поврзани новости