МВР започна со издавање на регистарски таблички со ознака НМК

by fokus

Министерството за внтарешни работи од денес започна со издавање регистарски таблички со ознака НМК.

Како што соопшти МВР, регистарска табличка со ознака НМК ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистерска табличка. Останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при излегување од државата ќе добиваат бесплатна налепница НМК.

Оваа мерка Министертсвото ја спроведува согласно насоките на Владата упатени до МВР во Извадокот од Нацрт записникот од 120-тата седница на Владата на РСМ од 12.02.2019 согласно која МВР се задолжува да започне со издавање на нови регистарски таблички во рок од четири месеци од влегување во сила на уставните амандмани и Уставниот закон.

Поврзани новости