Велјаноски и Милошоски му дадоа поддршка на Мицкоски: Потребно е единство и консолидација на ВМРО

by Фокус

Во пресрет на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, која доаѓа откако во парламентот мина првата фаза во просесот на уставни промени со поддршка од 8 пратеници од опозициската партија и коалиција, дел од влијателните пратеници на ДПМНЕ му изразија поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

„Во овие тешки моменти за Република Македонија, потребна е подршка на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, тој ја има мојата подршка а уверен сум и од членството“, напиша на фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Велјановски, кој беше долгогодишен претседател на парламентот.

И неговиот колега Антонијо Милошоски истакна дека Мицкоски ја заслужил неговата поддршка откако покажал дека консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Македонија.

„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоја појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба која гласачите им ја дале на пратениците, и вољата на членството и симпатизерите“, напиша тој на фејсбук.

Инаку, Велјаноски и Милошоски, заедно со други влијателни пратеници како Илија Димовски, се спротивставија на изборот на Мицковски за партиски лидер по повлекувањето на Никола Груевски.

 

 

Поврзани новости