511
Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев преку Твитер ја изрази својата поддршка на лидерот Христијан Мицкоски. Како што напиша Ѓорчев, за Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња.
„Поддршка за претседателот @MickoskiHM , за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. За Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња. Напротив, тоа е тешко бреме, но каузата е благородна, а ја носат храбрите, упорните и силните. Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи“, напиша Ѓорчев.