Во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за повлекување на аболицијата од страна на Ѓорге Иванов, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски потсети дека доколку Иванов ја сфатеше штетата што ја нанесе, тој досега ќе ја повлечеше аболицијата и ќе си поднесеше оставка. Затоа, Величковски укажува дека пржинските партнери треба да спроведат постапка на импичмент:
„Иницијативата за повлекување на аболицијата треба да биде само една од точките за излез од тековната криза. Како единечна мерка таа не е доволна. Затоа, предлагаме пакет-мерки составен од:
– оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ,
– импичмент на Иванов,
– заедничка иницијатива за итно одложување на изборите од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА и
– јавна поддршка на Специјалното јавно обвинителство од сите пржински потписници.“
Излезот од кризата може да се оствари само со паралелно спроведување на овој пакет-мерки, истакна Величковски.