Плевнелиев до Иванов: Корупцијата на власта мора да биде истражена, а не амнестирана

by Фокус

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска телефонски разговарал со Ѓорѓе Иванов и изразил загриженост заради политичката криза и растечките тензии во Македонија.

-Граѓаните очекуваат правда и таа не смее да биде оневозможена. Корупцијата на највисоките нивоа од власта треба да биде истражена, а не амнестирана, му рекол Плевнелиев на Иванов, соопштуваат од Кабинетот на бугарскиот претседател.

Плевнелиев ја истакнал бугарската поддршка за истрагите кои ги води Специјалното јавно обвинителство, како и целосната имплементација на договорот од Пржино.

Поврзани новости