Велешанец со „томос“ и нанел тешки повреди на старица

by Фокус

Триесетгодишниот велешанец С.Д. вчера во на улица Борис Трајковски, управувајќи мопед Томос, удрил во пешакот У.В.(68) од Велес.

Како што информираа од МВР, во незгодата У.В. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена и задржана на лекување во Општата болница во Велес.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости