Штипјанец нападнал полицајци во сендвичара откако го фатиле како вози украден автомобил

by Фокус

Полициски службени вчера попладне во Штип забележано патничко моторно возило „Рено Канго“ со штипски регистерски таблици сопственост на штипјанецот З.Ш., кое предходно било пријавено за одземено.

„Потоа на една од масите во сендвичарата било забележано лицето Б.ХЈ.(38) од Штип кое претходно го управувало возилото. Полициските службеници пристапиле за легитимирање, но истиот физички ги нападнал“, информираат од МВР.

Полицијата го привела штипјанецот против кого ќе биде поднесена соодветна пријава по целосното расчистување и документирање на случајот.

Поврзани новости