Вељановски: СДСМ и БЕСА сакаат да украдат мандати и да си ги поделат

by fokus

Доскорешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски обвинува дека СДСМ и БЕСА вршат изборен инжинеринг и дека со приговорите доставени до Државната изборна комисија сакаат да им украдат мандати на ВМРО-ДПНЕ.

-Сакаат во ИЕ 2 БЕСА да добие пратеник, а да изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Во ИЕ 6, каде што СДСМ има поднесено приговор исто како БЕСА во ИЕ 2, 8 на број, и исто се таргетираат изборните места онаму каде што има претежно албански гласачи. Во неделните избори имаше еден контингент на гласови кои што беа дадени на една политичка партија, СДСМ од страна на Албанците, се пресметаа дека тоа е малку па сега прават дополнителен изборен инженеринг за да земат 2 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и да си ги поделат СДСМ и БЕСА – вели Вељаноски.

Според него, овие биле едни од најдобро спроведените избори во земјава и и порача на ДИК „да не фрла масло на огнот” и да ги потврди првичните резултати, кои беа во корист на ДПМНЕ.

-Јас како претседател на Собрание се надева дека во текот на оваа недела изборните резултати ќе бидат официјални и ќе ја одржиме конститутивната седница, но гледам за жал дека некој не сака да се откаже од нешто што го има претходно замислено како едно сценарио- рече експретседателот на Собранието.

Поврзани новости