Продолжува седницата на ДИК, ќе се отвора гласачка кутија

by fokus

По пауза од еден час, продолжува маратонската седница во Државната изборна комисија, на која се одлучува по поднесените приговори за изборните резултати од СДСМ и албанската партија БЕСА.

Досега, само еден приговор е прифатен да се разгледува од вкупно осум коишто ги поднесе БЕСА.

За тој приговор, членовите на ДИК едногласно решија да ги задолжат стручните служби да ја донесе гласачката кутија од конкретното избирачкото место, како и да се повика изборната комисија.

Претставниците на избирачкиот одбор и на општинската изборна комисија ќе треба јавно да сведочат и да присуствуваат на отворањето на гласачката кутија, на којашто се однесува приговорот.

После тоа, ДИК треба да одлучува за приговорите на СДСМ.

Поврзани новости