БЕСА: Најболно е тоа што Албанците во ДИК застанаа зад Груевски

by fokus

Откако Државната изборна комисија прифати да разгледува само еден од вкупно осумте приговори кои БЕСА ги поднесе за изборните резулти, од партијата излегоа со соопштение.

Во него, велат дека се разочарни што ДИК застанала да ги штити интересите на ВМРО-ДПМНЕ, а најмногу од тоа што токму албанските членови им го подариле мандатот, кој како што тврдат од партијата, му припаѓа на БЕСА.

-Денес уште еднаш се потврди дека ДИК донесува одлуки со политички диктат, но беше многу болно да гледаш како албанските претставници во неа, тие о ДУИ, ДПА, и тој кој наводно е независен, го штитеа интересот на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски повеќе од самите претставници на Груевски во оваа комисија.

Најдени во ваква ситуација, каде повеќе не и веруваме ни на ДИК, ниту на правдата во оваа земја, последната надеж е дека многу брзо на местото на претставникот на ДПА, или поточно, на претставникот на ВМРО ДПМНЕ, Бедредин Ибрахими, ќе биде претставникот на Движењето БЕСА и ова ќе биде една можност оваа многу значајна институција за демократијата во земјата да биде ставена на вистински пат.

Почитувани активисти не ДУИ и на ДПА, многу ни е жал за вас, но денеска вашите претставници во ДИК не и одзедоа пратеник на Движењето БЕСА, тие им одзедоа пратеник на Албанците во Македонија и тој му го дадоа на Груевски. Ова беше тоа што ние ви го кажувавме пред изборите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО и за Груевски. – се вели во соопштението на БЕСА.

Поврзани новости