608
Претседавачот со конститутивната седница, Трајко Вељаноски, на денешното продолжение на седницата ги повика пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од бесконечните меѓусебни реплики и контра-реплики, иако како што рече, тоа било нивно право.
Сепак, неговите сопартијци не го послушаа и продолжија на тој начин да ја одолговлекуваат седницата.
Изборот на претседател на Собранието е 4-та точка на дневен ред на конситутутивнта седница, и не може да се дискутира за неа се додека е отворена започнатата точка, односно избор на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.