Судскиот процес за „Шпион“ одложен на 18 мај

by fokus

Повторно е одложен судскиот процес кој се води против петмина обвиниети во случајот „Шпион“.

Обвинетиот Марјан Ефремов не беше спроведен од затворот „Идризово“, па судечкиот судија одлучи да го одложи рочиштето за 18 мај, јави МРТ.

Судењето почнува отпочеток, откако Апелацискиот суд уважи дел од пресудите, некои казни ги преиначи, а за петмина обвинети донесе одлука да им се суди одново.

Првообвинетиот Марјан Ефремов, наместо првичните 15 години робија издржува казна од десет и пол години затвор. Обвинението го застапува Специјалното јавно обвинителство.

Поврзани новости