Вељаноски до Димовски: Ако знаеш подобро, седни ти на моето место

by fokus

Ниту на денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието немаше напредок за избор за нов претседател на Парламентот, но за првпат дојде до мала конфронтација меѓу пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседавачот Трајко Вељаноски прво побара од пратеникот на СДСМ, Панче Иванов да каже каде е прекршена процедурата, а потоа го исклучи микрофонот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, со образложение дека во неговиот говор не кажува каде се крши процедурата.

За ова се побуни Илија Димовски на што Вељаноски му одговори дека доколку тој подобро знае како треба, да седне на неговото место и да ја води седницата.

ВИДЕО: А1Он

Поврзани новости