Алтхаузер: Има излез, а тоа е да се избере спикер и да се формира влада

by fokus 20:28
20:28

Има излез од политичката криза, постои пат, порача денеска германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, која денеска беше во посета на Кочани.

-Имаме изборен резултат, ќе треба да се формира Влада, првин треба да се избере спикер во Собранието, изјави таа.

- Advertisements -

Германската амбасадорка додаде дека задачите се веќе на маса и дека ќе мора да се почне со реформите, а потоа ќе следат и локалните избори, но како што вели сè треба да се прави по редоследот по кој го наведе.

Поврзани новости