Вечерва ќе се одржи евровизиското финале, Србија се повисоко котира!

by Фокус

Вечерва во Торино, Италија, ќе се одржи финалето на 66-тото издание на Евровизија. Ќе се натпреваруваат 25 земји, а шоуто кое ќе започне во 21 часот, ќе трае четири часа.

Од организацијата ветуваат забавна и возбудлива вечер, а на котирањата во обложувалниците на песните учеснички изминативе два дена им се случија промени. Украина уште од самиот почеток е на врвот на листите како можен победник, зад неа следува Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Шпанија.

Српската претставничка Констракта, која го започна евровизиското патување со 20-то место во обложувалниците, по настапот во полуфиналето веќе дојде до шесто место, со тенденција да оди уште повисоко. Со уникатната песна и невообичаен изглед, таа го привлече вниманието на светската јавност и очигледно ги освои симпатиите на публиката.

На последно, односно на 25-то место моментално се наоѓа Германија. Македонија не влезе во финале, и ова е 12-ти пат откако учествуваме на Евровизија да не се избориме за пласман.

В.К.

Поврзани новости