НСДП утврдува кандидатури за нов партиски лидер

by Фокус

НСДП моментално одржува седница на Централниот одбор на кој треба да утврдат кандидатури за нов партиски лидер за Конгресот што треба да се оддржи на почетокот на јуни.

Денеска треба да се одлучи дали ќе има еден кандидат за наследник на долгогодишниот лидер Тито Петковски, кој ја формираше партијата по отцепувањето од СДСМ во 2005 година или пак повеќе.

Претходно, 10 членови на Извршниот одбор се потпишаа зад пратеникот Горан Мисовски, кој, според нив, треба да биде единствен кандидат за партиски лидер.

Меѓутоа, против тоа беше Петковски, но и другиот аспирант за лидерската позиција Кристијан Трајковски, кои сметаат дека не станува збор за легитимна и статутарна одлука.

Според нив, Извршниот одбор не постои откако е заменет со Одбор за организација на Конгресот.

К.С.Б

Поврзани новости