Мицкоски го упати Џафери да го лекува нервниот систем во „посебни институции“

by Фокус

Се срамам што го познавам тој човек и не можам да разберам што е тоа што го држи Димитар Ковачевски при уши глув, при очи слеп, па да мора јавно тоа да го премолчува, што е тоа што го има заробено за да го трпи овој срам и понижување, бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за снимката од собраниската сала што протече во јавноста на која се слуша глас на Талат Џафери.

-Нема ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите, морам да признам, тоа го ставија на едно високо ниво. Ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем, има посебни институции кои што се грижат за тоа. Парламентот и вработените не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лекува. Така што еве, ќе завршам како што и почнав, се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа – рече Мицкоски.

Поврзани новости