Васко Наумовски пред пратениците како нов амбасадор во САД

by Фокус 09:31
09:31

Пред пратениците во Собраниската комисија за надворешни работи новоименуваниот амбасадор на Македонија во САД, Васко Наумовки денеска ќе ја претстави својата платформа за дипломатските активности во Вашингтон.

Васко Наумовски е професор на Правниот факултет во Скопје и поранешен министер за евроинтеграции во Владата на Никола Груевски во перидот од 20о9 до 2011 година.

Пред пратениците отчетно обраќање ќе има и амбасадорот Ацо Спасеноски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Украина, додека истата задача ја има и Миле Манолев амбасадор во Арапската Република Египет.

- Advertising -

Поврзани новости