Васко Довлев го фати осветениот крст во Охридското Езеро

by Фокус

Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во Охридското Езеро и го извади осветениот крст.

Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки Тимотеј го положи крстот во Охридското Езеро, а потоа го благослови Довлев.

Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро.

Поврзани новости