Пленковиќ и Вучиќ се сретнаа во Давос: Решавање на отворените прашања

by Фокус

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска имаа средба на Светскиот економски форум во Давос.

„За време на Светскиот економски форум во Давос, со претседателот на Србија, Вучиќ разговарав за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Покрај политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се вложат дополнителни напори за решавање отворени прашања“, напиша Пленковиќ на Твитер по средбата.

Се огласи и Вучиќ на Инстаграм.

„Многу коректен разговор со Андреј Пленковиќ за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да постигнеме напредок и на економски план и во политички односи“, напиша Вучиќ.

Поврзани новости