492
Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во Охридското Езеро и го извади осветениот крст.
Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки Тимотеј го положи крстот во Охридското Езеро, а потоа го благослови Довлев.
Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро.