Василевска: Ајде сите да одиме во МВР и на нашето презиме да го додадеме презимето Македонска/ски

by fokus

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Иванка Василевска упати повик до сите на своето презиме да го додадат презимето Македонски/Македонска. Нејзиниот предлог доаѓа како одговор на се поинтензивните преговори за спорот со името, кои според најавите се ближат до нивниот крај.

-Непристојни предлози бараат пристоен одговор. Ајде сите да одиме во МВР и на нашето презиме да го додадеме презимето Македонска/ски. Ајде да видиме како функционира ефектот на пеперутката и како ќе не преименат кога ние сите заедно како индивидуи ќе си го ставиме името и ќе си го браниме идентитетот. Ве повикувам сите да одвоите од своето време и да го спасите своето достоинство! – повика Василевска.

Поврзани новости