Ромчето со скршена рака кое доби шлаканици од лекар, правдата ќе ја бара во Стразбур

by Fokus

Осумгодишното Ромче, кое како што обвинија неговите родители пред две години доби шлаканици од лекар на една од клиниките, правдата ќе ја бара во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, истакна Јована Јовановска -Кануркова правен советник од Хелсиншкиот комитет на вчерашната дебата „Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани“ организирана од фондацијата ИДЕА Југоисточна Европа од Скопје.

Настанот се случил пред две години, кога осумгодишното Ромче со скршена рака отишло на една од клиниките. Според обвинувањата од родителите, детето покрај големите болки што ги имало, плачело при што добило шлаканици од лекарот кој го прегледувал. Мајката кога влегла во ординацијата забележала дека образот на нејзиниот син е црвен од ударот што го добил.

Како што истакнаа од Хелсиншкиот комитет, тие ги поминале сите судски инстанци во Македонија, но не ја добиле правдата, со оправдување дека немаат доволно докази за да го докажат случајот. Во моментот е поднесена апликација до Судот за човекови права во Стразбур, каде што ќе ја продолжат борбата.

 

Поврзани новости