Васил Гарванлиев на фотографија на годината според Ројтерс!

by Fokus
Фотографија од музичарот Васил Гарванлиев се најде помеѓу изборот од најдобрите фотографии кои ја одбележаа 2021 година, според новинската агенција Ројтерс.

Дневната читаност на Ројтерс бележи и по неколку билиони прегледи, а Васил јавно се заблагодари што неговата фотографија е помеѓу избраните.

Истата е направена за време на неговиот евровизиски настап во Ротердам, кога ја претставуваше Македонија со песната ,,Here I stand”. Сто фотографии со најразлични содржини се избрани според Ројтерс како најдобри за 2021 година. Помеѓу нив најчести се оние со мигранти, протести, болнички соби, пејсажи, диви животни…

Од областа на сценскиот живот има само две, и тоа со Гарванлиев на Евровизија и со актерот Даниел Крег, на црвениот тепих на премиерата на филмот ,,Нема време да се умре” за британскиот таен агент Џејмс Бонд.

Во мај годинава пак, пред одржувањето на Еврозија, Васил се најде на насловната страница на светски познатиот медиум Њујорк Тајмс. Насловот на текстот објавен на насловната за него гласи – ,,Втора шанса, за да избегне да биде чудо со еден хит”, а потоа продолжува и на втората страница.

Текстот за Васил беше потпишан од Алекс Маршал, а се објавија фотографии од пробата на струмичанецот на евровизиската сцена и од видео записот за песната ,,Here I stand”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости