Васил Гарванлиев им честиташе на фудбалерите: Обединети во победа, напред Македонија!

by fokus

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев им ја честиташе победата над Германија на нашите фудбалери.

-Зрак, црвена и жолта, овде стоиме, обединети во победата. Напред Македонија – објави тој на својот официјален профил, по што негови следбеници му порачаа следна победа за Македонија да имаме и во Ротердам, Холандија, каде во мај ќе се одржи Евровизија 2021.

По бурните реакции во јавноста поради бугарското државјанство на Гарванлиев, тој останува наш претставник на музичката манифестација, според одлуката на Комисијата за утврдување на одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија.

Кадрите во спотот на Васил, кои беа протолкувани како спорни поради уметничко дело со боите на бугарското знаме, како и неговото ланско интервју во кое открива дека има и бугарско државјанство, ја брануваа јавноста изминатиот период.

Гарванлиев во неколку наврати јавно се извини, порачувајќи дека тој сепак е претставник на Македонија и гордо ќе ги брани нашите бои, црвената и жолтата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости