508
Германија сака Грција да биде отстранета од монетарната унија, за да ја заплаши Франција и да ја натера „да го прифати нејзиниот модел на дисциплинска еврозона“.
Ова го изјавил поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис.
Верувам дека германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле сака Грција да биде отстранета од системот на единствена валута, за да предизвика силен страв кај Французите и да ги натера да го прифатат неговиот модел на дисциплинска еврозона, изјавил тој за британскиот весник „Гардијан“.
Шојбле е убеден дека во сегашната состојба на нештата му е потребен „Grexit“, за да се разјасни ситуацијата на еден или друг начин, смета Варуфакис.