496
Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска на ждрепката во Монако за групната фаза од Лигата на Европа за противници ги доби екипите на Зенит од Русија, Реал Сосиедад од Шпанија и Розенборг од Норвешка.
Фудбалерите на Вардар постигнаа историски успех откако синоќаво реванш баражот на стадионот Шукру Сарачоглу во Истанбул го победија турскиот тим Фенербахче со 2:1.
Вардар претходно во Скопје го совлада Фенербахче со 2:0, и со вкупни 4:1 избори место меѓу 48 екипи што ќе играат во 12 групи од Лига Европа.