424
Ракометниот шампион на Македонија Вардар вечерва одигра доминантен натпревар со перфектен крај против унгарскиот Пик Сегед и е многу блиску до пласман на „Фајнл фор-от“ на Лигата на шампиони.
Вардар во преполна сала победи со 31-23 и со осум голови предност патува на реваншот во Унгарија.
Ова беше последен меч на Вардар на домашен терен во овој ѕвезден состав, откако сопственикот Сергеј Самсоненко објави дека од наредната година се повлекува од европскиот шампион од 2017 година.