Дел од активистите на Шарената револуција ќе ги повикаат Пендаровски и Силјановска на соочување

by fokus

Името на Шарената револуција е употребувано сѐ почесто од страна на претседателските кандидати, а неодамна и кандидатката од партијата против која се протетираше ги повика да ја поддржат. На оваа тема гости на 1ТВ беа Ирена Стеријовска и Гоце Марковски активисти во „Шарената револуција“.

На повикот од Силјановска, активистите возвратија со повик до кандидатите на мегдан да одговорат на сите прашања од сите граѓани. Досега, велат активистите, кандидатите имаат нејасни ставови во однос на некои важни прашања.

За обидот на Силјановска да ја добие поддшката од неопределените, активистите сметаат дека прво мора јасно да го осуди претходниот режим. Утре, активистите од Шарената револуција ќе ја обелоденат иницијативата и ќе ги повикаат кандидатите јавно и јасно да одговараат на прашањата на сите граѓани.

Поврзани новости