Силјановска: Ќе разговарам и со луѓето кои некогаш биле во ВМРО-ДПМНЕ, но се разочарале

by fokus

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел на МРТ рече дека во пресрет на вториот круг ќе разговара и со неопределените, со луѓето кои некогаш биле во ВМРО-ДПМНЕ, но се разочарале, како и со Албанците.

-Единствената филозофија европска филозофија е право и правда и демократски вредсноти. Тоа е и мојата програма. Ќе се обидам да ги убедам оние кои не излегоа, дека вреди да се излезе, дека вреди, дека јас жената, претседателката, низ женска призма ќе се обиде на поинаков начин да ги решава проблемите. Веќе разговарав со приврзаници на Бојкотирам. Името е тоа што го боли. Очекувале по заробената држава да не се случи киднапирана држава. Ќе разговарам со луѓето кои некогаш биле во ВМРО-ДПМНЕ, но се разочарале и апстинирале. Ќе разговарам и со неопределените. Ќе разговарам и со другите етнички заедници, особено со Албанците, рече Силјановска.

Поврзани новости