Ванковска: Црн ден за македонската демократија, нема плачење…

by Fokus

Вечерва власта обезбеди двотретинско мнозинство и 80 пратеници гласаа за потребата да се пристапи кон уставни измени. Тоа очигледно не и се допадна на професорката Билјана Ванковска, која своето незадоволство го истакна на социјалните мрежи.

„Ова беше долг, црн ден за македонската демократија! Нема плачење, утре е нов ден (впрочем, новиот ден веќе почна). На ден по референдумот напишав дека борбата допрво почнува – еве ја, пред нас е! Јас немам намера да се предадам, ни да замолчам! Начини има, треба да сме единствени, треба да сме за-едно, за-едница!“, напиша Ванковска на Фејсбук.

Поврзани новости