Ванковска: Мијалков „нема“ влијание врз сведоци и пратеници, тој е писател и патриот

by fokus

Професорката Билјана Ванковска, смета дека пратеничкиот мандат го штити Груевски од издржување на казната затвор. Според неа судската постапка против Груевски е неправична, што, според неа, не е случај и со обвинетиот поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Невиден феномен е пратеник без одземен мандат да се повикува на отслужување затворска казна. Кога по сила на устав не му завршува мандатот, секој пратеник е претставник на граѓаните со полн капацитет. Не е идејата на гласањето со 2/3 мнозинство дали ќе зема плата додека е во затвор, бидејќи станува збор за вршење јавна/државна функција, а не вработување. Го кршат уставот и во овој случај (да не зборувам за онаа фарса во комисијата кога гласаа а-ла избор на Талат). Наместо да го го (о)судат за потежок криминал, тие се фатија за мерцедесот. Без оглед што мислам за Груевски, и тој заслужува фер и правичен третман. За третманот на Мијалков нема што да се каже: тој “нема” влујание ниту врз сведоците, ниту врз пратениците. Тој е писател и патриот!
Северна – и се’ е и ќе биде можно!“, напиша Ванковска на фејсбук.

Поврзани новости