Ванковска и Силјановска го повикаа Заев да објави материјали за нив

by Фокус

Професорките од Скопскиот универзитет, Билјана Ванковска и Гордана Силјановска-Давкова, најавија тужба за клевета против Алсат М поради саботажата на новинарот Среќко Поповски, во која, според Ванковска, се клевети дека одработувала за ВМРО-ДПМНЕ во времето на инспекциските контроли во А1 телевизија пред неколку години.

„Вакво клеветење во медиумите е нешто што тешко го нарушува нашиот личен углед, но и професорскиот углед пред студентите и колегите од академската заедница. Се разбира, за медиумот ќе покренеме правна процедура за клевета…„, напиша Ванковски на нејзиниот фејсбук профил.

Таа го повика СДСМ и лидерот Зоран Заев веднаш да објават сe што имаат како инкриминирачки материјал за нејзе и Силјановска-Давкова.

Поврзани новости