Нападнат обезбедувач во казино

by Фокус

Дваесет и тригодишен обезбедувач во клубот за игри на среќа „Адмирал“, лоциран во трговскиот центар „Мавровка“, синоќа бил физички нападнат од неколку лица.

Според Министерството за внатрешни работи, во нападот тој се здобил со повреди во пределот на гробот од остар предмет, најверојатно нож.

Повредениот е пренесен е во градската болница, каде се констатирани телесните повреди.

Поврзани новости