Ванхојте очекува договор за медиумите до крајот на наредната недела

by Фокус

Пред денешниот состанок на работните групи за споредување на Договорот од Пржино, посредникот Питер Ванхојте рече дека очекува до крајот на наредната недела да бидат донесени измените во законите кои се однесуваат на медиумската сфера и со тоа да биде спроведена уште една обврска од договорот од Пржино.

-Треба да се изнајдат долгорочни решенија во МРТВ и во МИА, бидејќи промената на луѓето нема да промени ништо во медиумската сфера. Исто така, комерцијалните медиуми не смееме да ги ограничиме со забрана за реклами затоа што тоа е така во целиот свет. Очекувам идната недела да ги разгледаме сите понудени решенија и се надевам дека ќе ја заокружиме оваа тема. Битката е далеку од завршена, меѓутоа сите партии ја примија пораката, изјави Ванхојте.

Претходно, новинарските здруженија најавија дека ќе протестираат пред Клубот на пратениците и ќе ги бојкотираат изборите, односно нема да известуваат за нив, доколку не бидат вклучени во преговорите кои се однесуваат за медиумите.

Поврзани новости