МВР: Од вчера дозволен е влез само за бегалците од воените жаришта

by Фокус

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека од вчера на граничниот премин со Грција се врши селекција на мигрантите кои доаѓаат од Грција, односно се пропуштаат бегалците од земјите каде има војни, а не и економските мигранти кои Македонија ја користат само како транзит до западните земји.

-Согласно мерката, транзит до земјите на ЕУ им се овозможува само на бегалците од државите каде има воени конфликти, односно од Сирија, Авганистан и Ирак, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството велат дека во изминатата недела е забележано континуирано зголемување на бројот на илегални мигранти од земјите од Блискиот Исток, кои ја користат Македонија само за транзит до крајната дестинација.

Поврзани новости