409
Посредникот во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхојте, попладнево изјави дека добро е што има предлози за решенија за отворените прашања, но тоа не значи дека тие се конечни решенија. Додаде дека некои од предлозите не соодветствуваат со европските стандарди.
Што се однесува до тоа дали има време за обезбедување на услови за фер избори, Ванхојте рече дека доколку нема доволно време за подготовска на изборите, тоа ќе бидат проблематични избори.
Договор помеѓу партиите за методологијата за прочистување на Избирачкиот список се уште нема, но Ванхојте рече дека му е драго што Државната изборна комисија прави се што може за прочистување на списокот.