Николовски ќе поднесе кривична пријава против министерот Цветков

by Фокус

Дополниотелниот заменик-министер за земјоделие, Љупчо Николовски, вчера објави документи со кои тврди дека „Силекс неметали“ во сопственост  на „Силекс АД Кратово“ на Љубисав Иванов Ѕинго, партнер на Груевски, добива милионски тендер од Министертсвото кое го раководи кадар од неговата партија.

Николовски најави дека поради штетата која ја претрпеле и платиле земјоделците поради  неисчистените канали опозицијата ќе поднесе  кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против министерот Михал Цветков.

-Во време на склучување на договорот на МЗШВ, раководено од Михаил Цветков, со „Силекс неметали“ Михал Цветков се уште официјално според Централниот регистар на Македонија бил член на Управен одбор на „Силекс АД Кратово“, и во никој случај не смеел да склучува ваков договор затоа што постои класичен судир на интереси, обвини дополнителниот заменик-министер.

Поврзани новости