СДСМ ја прифаќа методологијата на ДИК, за возврат ДПМНЕ да го прифати предлогот на Ванхојте за медиумите

by Фокус

СДСМ е подготвена да се откаже од дел од своите барања на прочистување на Избирачкиот список и да ја прифати методологијата предложена од ДИК со вкрстување на податоци од повеќе институции. СДСМ ќе се откаже од теренска проверка на целиот Избирачки список и ќе се согласи на теренска проверка само за оние гласачи за кои податоците не се поклопуваат при вкрстувањето, но за возврат бара  останатите партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА го прифатат предлогот за медиумите на меѓународната заедница, односно на белгискиот посредник Питер Ванхојте.

-Прочистувањето на Избирачкиот список и реформата врз медиумите се основен предуслов за фер и демократски избори. Ако ова не е прифатливо за ДПМНЕ и останатите учесници во преговорите, тогаш тие не сакаат во Македонија да имаме фер и демократски избори, изјави потпретседателот на СДСМ и член во работната група која ги решава останатите прашања поврзани со изборите, Дамјан Манчевски.

Што се однесува до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, тој за СДСМ е неприфатлив, особено што против овој предлог е и новинарската фела.

Поврзани новости