426
Не може да се ограничуваат ингеренциите на новите министри и заменици министри, кои треба да бидат предложени од опозицијата, порача медијаторот на Европската Комисија, Питер Ванхојте на брифингот за новинарите по фијаското на лидерската средба, пренесува телевизија 24 Вести.
Новите министри и заменици-министри според договорот од Пржино требаше да бидат избрани до 20 октомври, но тоа не се случи, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеаја да се договорот за нивните овластувања. Владејачката партија бара министрите од СДСМ да имаат ограничени ингеренции, додека СДСМ смета дека тие треба да имаат ингеренции како и сите други министри.