Вучиќ: Не сум среќен што Македонија гласаше за прием на Косово во УНЕСКО

by Фокус

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска коментирајќи ја одлуката на Македонија и Црна Гора да го подржат барањето за прием на Косово во УНЕСКО, рече дека сите треба да знаат дека Србите умеат да памтат и да ги почитуваат сите оние кои им помогнале.

-Не сум среќен заради нивната одлука. Не сакам да им се замерувам затоа што тие водат свои политики. Сепак, заради оваа одлука во Србија не треба да се води кампања против Македонија и Црна Гора, рече Вучиќ.

Претходно и српскиот министер за надворшни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека е разочаран од ставот на Црна Гора и Македонија, кои вчера во Извршниот совет на УНЕСКО гласаа за препораката за прием на Косово во Организацијата.

Поврзани новости