Иванов: Кризата трае предолго

by Фокус

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска упати повик до политичките партии што побрзо да постигнат договор за да се надмине кризата.

-За жал, како одминува времето и како се пробиваат роковите и не се исполнуваат преземените обврски, ни се усложнува состојбата. Предолго трае оваа криза во државата и навистина секој треба да биде одговорен и да ја сноси својата одговорност, затоа што решенијата се одлoжуваат. Уште еднаш ги повикувам сите вклучени во целиот овој процес, да постапуваат онака како што се договориле, изјави Иванов.

Тој рече дека обврска на партиските лидери е да го почитуваат она што го договориле, но и да ги запазуваат роковите кои тие ги поставија со Договорот од Пржино.

Поврзани новости