Ванхауте: Шокиран сум од стравот кај граѓаните, високото ниво на корупција, долгиот притвор

by Фокус

Белгискиот посредник Питер Ванхауте во интервју за „Дојче Веле“ објаснува дека промена на режимот преку избори не е опција и дека Македонија не е подготвена за избори

– Меѓународната поддршка е единствена алтернатива, а итно е потребно дејствување. Тоа дејствување треба да резултира во создавање на ад хок техничка влада за најмалку 2-3 години, време кое е неопходно за решавање на бројните проблеми, во финансискиот менаџмент, судството, образованието и медиумите, со кои се соочува земјата – вели Ванхауте.

Тој во интервјуто вели дека е шокиран од стравот кој владее кај луѓето, од високoто ниво на корупција, од отпуштањето на судиите, а исто така изненаден е и од апсолутниот недостаток на одговорност кај никој од јавните функционери.

– Последниве месеци имав можност да се сретнам со стотици луѓе од целата земја и признавам, шокиран сум од актуелната ситуација, атмосферата на страв, потиснувањето на слободата, од големиот број луѓе кои се во притвор само поради тоа што и се спротивставиле на владата или одбиле да ги прифатат нејзините правила. Шокиран сум од големиот број луѓе, вклучително и судии, кои беа отпуштени последниве години. Шокиран сум од високото ниво на корупција, каде купувањето диплома и универзитетски звања е прифатена пракса, додека низ целата земја се вработуваат некомпетентни луѓе, пракса што ќе резултира во целосен крах на нормалното функционирање на земјата. И шокиран сум од слабиот квалитет на образованието, каде децата се учат дека некои луѓе, како банкари или политичари се подобри од луѓето од „пониските слоеви,’ и притоа мораат да учат фалсификувана историја – вели Ванхауте.

Во недела на 27 март завршува мандатот на медијаторот на Европската Унија во Македонија, а во разговорот за Дојче Веле, Ванхауте признава дека во изминатите месеци не успеал како медијатор да ги реализира поголемиот дел од реформите кои беа потенцирани во Извештајот на Прибе

Поврзани новости