Белгискиот посредник Питер Ванхауте во интервју за „Дојче Веле“ објаснува дека промена на режимот преку избори не е опција и дека Македонија не е подготвена за избори
– Меѓународната поддршка е единствена алтернатива, а итно е потребно дејствување. Тоа дејствување треба да резултира во создавање на ад хок техничка влада за најмалку 2-3 години, време кое е неопходно за решавање на бројните проблеми, во финансискиот менаџмент, судството, образованието и медиумите, со кои се соочува земјата – вели Ванхауте.
Тој во интервјуто вели дека е шокиран од стравот кој владее кај луѓето, од високoто ниво на корупција, од отпуштањето на судиите, а исто така изненаден е и од апсолутниот недостаток на одговорност кај никој од јавните функционери.
– Последниве месеци имав можност да се сретнам со стотици луѓе од целата земја и признавам, шокиран сум од актуелната ситуација, атмосферата на страв, потиснувањето на слободата, од големиот број луѓе кои се во притвор само поради тоа што и се спротивставиле на владата или одбиле да ги прифатат нејзините правила. Шокиран сум од големиот број луѓе, вклучително и судии, кои беа отпуштени последниве години. Шокиран сум од високото ниво на корупција, каде купувањето диплома и универзитетски звања е прифатена пракса, додека низ целата земја се вработуваат некомпетентни луѓе, пракса што ќе резултира во целосен крах на нормалното функционирање на земјата. И шокиран сум од слабиот квалитет на образованието, каде децата се учат дека некои луѓе, како банкари или политичари се подобри од луѓето од „пониските слоеви,’ и притоа мораат да учат фалсификувана историја – вели Ванхауте.
Во недела на 27 март завршува мандатот на медијаторот на Европската Унија во Македонија, а во разговорот за Дојче Веле, Ванхауте признава дека во изминатите месеци не успеал како медијатор да ги реализира поголемиот дел од реформите кои беа потенцирани во Извештајот на Прибе