Ванхауте на дополнителни конуслтации во Брисел

by Фокус

Олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте заминал на дополнителни консултации во Брисел, при што за викендот нема да има никакви преговори, објави 24 Вести.

Без речиси никакаво поместување завршиле и вчерашните поединечни обиди на медијатортот на Европската комисија Питер Ванхауте за приближување на позициите на партиите потписнички на договорот од Пржино околу ингеренциите на министрите на опозицијата во Владата на Груевски.

Се уште нема договор за т.н. изборно вето на замениците, односно кој период да се смета за почеток на организирање на изборите, при што замениците ќе можат да ги оспорат одлуките на министрите.

Поврзани новости