АПМ: Никој нема право да си поигрува со евро-атлантските перспективи на Македонија

by Фокус

Алијансата за позитивна Македонија (АПМ) изрази загриженост поради несериозноста на четирите партии во процесот на исполнувањето на одредбите од Договорот од Пржино.

– АПМ смета дека поради ваквата несериозност на овие партии, се доведува во опасноста Македонија да добие условен Извештај за напредокот од страна на Европската комисија, а со тоа и да прекине низот на препораки за започнување на преговорите за членство во ЕУ. Извештајот за напредокот ќе добие некоја недефинирана форма, како обид на ЕК да ги вразуми преговарачите – се наведува во соопштението од АПМ.

Алијансата ги охрабрува четирите партии доследно да го почитуваат договорот од Пржино и во преден план да бидат интересите на граѓаните, а не интересите на политичките партии.

– Никој нема право да се поигрува со евро-атланските перспективи на Македонија и секое враќање назад во процесот на приближување кон ЕУ, ќе значи загрозување на интересите и просперитетот на граѓаните на Република Македонија – пишува понатаму во соопштението.

Поврзани новости